Излезе од печат драмскиот ораториум „Баница 1903 - Стратегот на македонскиот универзум“, кој авторот Зоран Пејковски го посвети на 120-годишнината од погибието на Гоце Делчев.
Рецензенти на најновото книжевно дело на Пејковски се историчарката, проф.д-р Виолета Ачкоска, лингвистот и експерт за културно наследство, м-р Александар Јорданоски и драматургот, м-р Трајче Кацаров.
-Новиот драмски текст „Баница 1903 - Стратегот на македонскиот универзум“, е драмски ораториум, и е прв во македонската драматургија, во кој преку историско - документаристички приказ е прикажан ликот на Гоце Делчев, еден од најголемите синови на Македонија и на македонската револуционерна борба. Пишуван е со повод, за 120-годишнината од смртта на Делчев (1903-2023), и со цел да го врати македонското достоинство, кое е газено од една рака на профитери, кои на очиглед на целиот македонски народ продаваат сѐ што е македонско, заборавајќи дека душата на Македонецот не е на продажба. Само душата останува чиста и чесна, истакна авторот Пејковски.
Како што е познато, Пејковски годинава ја доби наградата „Ацо Шопов“ која ја доделува Друштвото на писатели на Македонија