Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција во Северна Македонија, вечерва со гала прикажување на францускиот филм „Со полно работно време” го започнаа месецот на Франкофонијата.
Деновиве е објавена електронската книга Кон-текстот: дигитални осврти (македонската книжевност во првите две децении на дваесет и првиот век)
Националната установа Музеј, денеска ги покани кумановци да ја проследат изложбата „Фем (м) Арт“ која за прв пат се организира во чест на Меѓународниот ден на жената, 8 Март
Со презентацијата на проектот „Лета лета Локубија“ на Елена Чемерска, во КСП Центар Јадро завршува серијата презентации во рамки на новиот проект „Arts Hub“
Сите проекции на филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски на белградски „Фест“ се распродадени во рекорден рок
ОЈЧЕД (Oyun Yazarlan ye cevirmenleri Dernegi), Здружение на драматурзи и преведувачи од Република Турција, го објави драмскиот текст со наслов „9 - божествена трагедија“ од македонскиот писател Гоце Ристовски во превод на турски јазик на Зејнеп Кајмас
Отворањето нова Катедра за македонски јазик и литература и нов Лекторат по македонски јазик на Анкарскиот универзитет во Турција во текот на минатата година е многу значајна работа
По повод Месецот на франкофонијата, Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција во Македонија вечер во кино „Милениум“ организраат гала филмска вечер со проекција на филмот „Со полно работно време“
Изложба на фотографии од Никола Јовановиќ насловена „Мразам playback“, која е посветена на алтернативната музичка сцена во Скопје и пошироко, вечер ќе биде отворена во Културно-информативниот центар – Скопје, Салон Империјал 2
По Романија, Албанија, Белгија и Србија, токму Велес ќе биде центар на стрип културата во земјава. Уметници и сценаристи, стрип теоретичари, професори, љубители на стрипот и гости од земјава и од странство ќе присуствуваат на отворањето на изложбата „CAN for Balkans“