По повод Месецот на франкофонијата, Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција во Македонија вечер во кино „Милениум“ организраат гала филмска вечер со проекција на филмот „Со полно работно време“.
Настанот, поддржан од МКЦ и Зегин, ќе го отворат францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер и амбасадорката на Швјцарија во Скопје Вероник Хулман.
Филмот „Со полно работно време“ е дело на режисерот Ерик Гравел, а во главните улоги играат Лора Калами, Ан Суарез. Добитник е на две награди на Филмскиот фестивал во Венеција - за најдобар режисер и за најдобра актерка, две награди Цезар 2023 - за најдобра монтажа и за најдобра музика.