Тема на средбата е издаваштвото во Франција. Настанот е прв во редицата настани за претстојната сезона, кои се организираат во чест на 50 годишниот јубилеј.
Во Пијано центарот во Скопје вечер концерт ќе одржи дуото Јасмина Трајческа од Северна Македонија и Ловорка Немеш Дулар од Словенија, соопштија од Сојуз на композиторите на Македонија – СОКОМ.
Романот „Ако се родат некакви чувства“ од Блаже Миневски, во издание на Матица, е добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобра прозна книга за 2023 година на Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ)
Со претставување на дел од творештвото и разговор со двајца автори, искусни новинари, уредници и колумнисти синоќа во Даут-пашиниот амам во Скопје започна 12. Интернационален литературен фестивал „Про-за Балкан“ во Скопје.
Олга Панкина ја наслови книгата – избор раскази „Дирижабл над поле со пченки“ како подарок на Влада Урошевиќ за неговиот роденден и пред се за руските читатели кои, според неа, високо го ценат неговото извонредно творештво.
Премиерната изведба на музичката композиција на Нил Бранд за немиот филм на Алфред Хичкок „Уцена“ од страна на студентите од Институтот FAME’S ќе биде изведена вечерва од 20 часот во кино „Милениум“.
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој ја проследил претставата заедно со неговиот бугарски колега, Најден Тодоров, упатил честитки за македонскиот ансамбл и изразил задоволство од соработката помеѓу двете држави.
Наградата, која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков, парична награда во износ од 1.500 евра и плакета, ќе му биде врачена дополнително.
Тој изразил задоволство од реализацијата на изложбата „105 години Требеништа“ која е пример за меѓусоседска соработка од значење за регионот и за Европа.
Ансамблот на НУ Народен театар-Битола, утревечер на матичната сцена премиерно ќе ја изведе претставата „Галеб“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Багрјана Попов.