Македонската Национална опера и балет вчера ја изведе оперската претстава „Набуко“ од Џузепе Верди во Софиската национална опера и балет. Како што информираат од Министерството за култура, претставата била поздравена со силни аплаузи.
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, кој ја проследил претставата заедно со неговиот бугарски колега, Најден Тодоров, упатил честитки за македонскиот ансамбл и изразил задоволство од соработката помеѓу двете држави.
- Културата е делот каде што се надминуваат сите проблеми, затоа ние ќе продолжиме да ја развиваме соработката во културата и во туризмот, сектори кои може да донесат и економски придобивки за двете земји, посочил тој, пренесуваат од министерството.
Изведбата ја проследија и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Претставата „Набуко“ беше изведена под диригентската палка на маестра Бисера Чадловска, со Марјан Јовановски во главната улога.
Со ова гостување, официјално беше отворена новата сезона на Софиската опера.
Следната изведба на „Набуко“ е закажана за 21 септември во Скопје