Од печат деновиве излезе книгата „Од Климента до Блажета“ на Свето Стаменов, публицист, политиколог и новинар на Македонското радио – Радио Скопје, и проф. д-р Вера Стојчевска – Антиќ, универзитетски професор во пензија и македонски книжевен историчар и теоретичар
Центарот за култура „Ацо Шопов“- Штип со богата програма за публиката ќе одбележи 99 години од раѓањето на великанот и патронот на институцијата, Ацо Шопов.
Излезе од печат научната студија „Типологија на писмото“ од д-р Игор Радев во издание на „Македоника литера“
Новата книга за деца „Поклони се и почни“, со текст на Владимир Лукаш и илустрации од Љубиша Камењаров, ќе биде промовирана на втори декември (петок), во 18:30 часот, во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“
Македонското здружение за култура, обичаи и традиции „Гороцвет” денеска на улица „Македонија“ во Скопје ќе изведе уличен перформанс, во кој ќе бидат вклучени дваесеттина поети, просветни работници, новинари и ученици кои на подарок добиле слика од уметникот Живко А. Поповски Цветин
Во рамки на „Есенски музички свечености“ 2022, во Културно информативниот центар во Скопје вечер ќе се одржи концерт на Марија Јакимовска – флејта и Билјана Петровска – пијано
Овој декември Кинотеката ќе понуди програма која, посочуваат, со сигурност ќе ве натера да излете од дома и да ја посетите нашата кино сала, бидејќи постпандемично, сите сакаме да го смениме секојдневниот домашен амбиент
Во општинската организација на Црвен крст Крива Паланка отворена е изложбата на цртежи од конкурсот на тема „Промоција на хумани вредности“. Активноста, уметничка галерија, ја реализираа младите волонтери од општинскиот Црвен крст, кои распишаа конкурс како дел од ПХВ програмата.
Авторот Милчо Мисоски е добитник на книжевната награда „Караманов 2022“ за неговиот ракопис „Ефемиди“. Оваа награда се доделува за најдобар необјавен поетски ракопис од македонски автори и автори кои пишуваат на македонски јазик.
Амбасадорот на Албанија во земјава, Фатос Река рече дека годинешните прослави се уште позначајни, бидејќи е јубилејна година и фактот што нашите земји Албанија и Северна Македонија добија покана од Европската Унија на 19 јули за почеток на пристапните преговори со ЕУ.