„Какво време донесе ветерот во македонската книжевна стварност?“, беше насловена трибината што денеска ја организираше Културно-информативниот центар – Скопје, по повод 10 години од објавувањето на „Ветерот носи убаво време“ – антологија на најмладата македонска поезија и проза
Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид вечер премиерно ќе биде прикажан филмот „Каде си Адаме“ на укранскиот продуцент, ѓаконот Александар Плиска, а во режија на Александар Запорошченко
Каролина Гочева, Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски на 23 декември во Филхармонија ќе одржат концертна промоција на албумот „Песни за љубов и копнеж“
Во кумановскиот Центар за култура утревечер, во 19:30 часот, ќе биде отворена изложбата на дела од 20-та Меѓународна ликовна колонија „Карпино 2022“, информираа од организацијата Мултимедијален центар „Карпино“
Министерството за образование и наука објави конкурс за поврат на средства за купен музички инструмент за учебната/академската 2022/2023 година
Во големиот салон на галеријата „КО-РА“ во Домот на култура „Кочо Рацин“ во Скопје, вечер, во 20 часот, ќе биде отворена изложбата насловена „Дијагноза“ на фотографот Драган Неделчевски
Во Музејот на современата уметност – Скопје денеска ќе биде отворена годишната изложба „Сè што ни е заедничко“ (Sa so si amenge jekhethane/All That We Have in Common) во партнерство со најзначајната манифестација за современа уметност – Европското биенале „Манифеста“
Пијанистот Дино Имери вечер, во 20 часот, во Камерната сала на Филхармонија ќе ја изведе Деветтата симфонија оп. 125 од Лудвиг ван Бетовен – едно од најмонументалните и најзначајни дела во целокупната музичка историја во оригинал напишано за симфониски оркестар, хор и вокални солисти. Имери ќе ги изведе сите тие делници на само едно пијано, изведувајќи го премиерно аранжманот на титанот на пијаното – Франц Лист
Во Културно-информативниот центар – Скопје денеска со почеток во 12 часот ќе се одржи трибина со наслов „Какво време донесе ветерот во македонската книжевна стварност?“ по повод 10 години од објавувањето на антологијата „Ветерот носи убаво време“
Јуроп хаус овој месец со низа настани и оддавање почит на културното наследство на македонскиот сликар Лазар Личеноски (1901-1964) ќе го одбележи својот трет роденден.