Песните што ќе бидат испратени на конкурсот треба тематски да кореспондираат со заложбите за афирмација на урбаниот живот, на секојдневните навики и на традицијата и во нив да е присутен мотив поврзан со Маџир Маало.
На Универзитетот „Фан Ноли“ беа одржани часови по македонски јазик. Интенцијата е овој настан да се заокружи со отворање лекторат по македонски јазик на Филолошкиот факултет во овој град.
Од 1 до 5 ноември ќе се одржи 30. јубилејно издание на интернационалните студентски средби „Скомрахи“ 2022
Според изјавите на сите инволвирани, овој проект посветен на списанието „Македонка“ е од исклучителна важност во проучување на периодиката од Југословенскиот простор и оваа збирка нуди потенцијал за понатамошни истражувања од повеќе дисциплини
Влезот во музеите и галериите во Охрид ќе биде бесплатен секој први во месецот, почнувајќи од утре, 1 ноември, соопшти денеска охридскиот Завод и Музеј
Со доделување на наградите на Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ) и со концерт на триото „Аура“ вечер во Музејот на македонската борба свечено ќе биде затворен Фестивалот на музичките уметници на Македонија „Златна лира“
Хорот и оркестарот на ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“ од Скопје настапи на Интернационалниот фестивал во Ричоне (Riciione), Римини, Италија, под името „Сите бои на уметноста” и го освои првото место
Здружението на Срби и Македонци „Бранко Чајка“ од Тетово викендов беше домаќин на јубилејната, десетта детска поетска манифестација „Пишуваме и твориме на српски јазик“
На 3 и 4 ноември во фоајето на киното „Синеплекс“ во Скопје и на 23 ноември во Офицерскиот дом и киното „Манаки“ во Битола ќе се одржува Саем на кретивни индустрии
Во Камерната сала на Филхармонија, денеска во рамки на втората сезона на фестивалот „Денови на македонска музика“, новоформираниот гудачки оркестар „Ајда“ под диригентско водство на младата диригентка Ана Спасовска ќе изведе дела од Љубомир Бранѓолица, Љупчо Константинов, Александар Пејовски, Стојан Стојков и Тодор Скаловски