Филмот „Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска ќе ја има својата македонска премиера на 27 октомври во кино „Милениум“. Потоа продолжува на редовен репертоар во наредните две недели
Актери на НУ Народен театар-Битола отпатуваа во Бугарија каде утревечер ќе настапат на Балкански театарски фестивал во Благоевград
Од утре до крајот на наделава во албанскиот град Корча ќе се одржат „Денови на македонската култура“, во организација на Амбасадата и Културно–информативниот центар на земјава во Тирана
Охридскиот градски хор „Вокс Лихнидос“ под диригентската палка на Бурим Хидри, настапи во Кикинда и Нови Сад, во соседна Србија
Излезе од печат стихозбирката „Преобразби“ од македонска поетеса Весна Ацевска. Книгата, објавена во издание на „Дијалог“ од Скопје, содржи 50 песни, сместени во четири циклуси, придружени со автопоетичкиот есеј „Зошто преобразби“
Младиот баритон Давор Неќак ќе се натпреварува на Европскиот Лајонс музички натпревар Томас Кути што ќе се оддржи од утре до 29 октомври во Загреб во рамките на Лајонс Европа Форум 2022
Во Театар Комедија вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Женска гардероба“ во режија на Наташа Поплавска, по текст на современиот чешки автор Арношт Голдфлам
Во Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе се одржи промоција на „Речник на псевдонимитe во македонската книжевност од XIX век“ од Славчо Ковилоски. Промотори ќе бидат Димитар Пандев и Иван Антоновски
По повод 140-годишнината од раѓањето на Пабло Пикасо, Амбасадата на Кралството Шпанија ја поддржува изложбата на македонскиот уметник Филип Фидановски посветена на големиот шпански уметник Пабло Пикасо, која ќе биде отворена вечер во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево
Во Македонската академија на науките и уметностите вечерва ќе биде отворена изложбата на академскиот уметник Жарко Јакимовски