Во Француски институт во Скопје денеска ќе биде отворена изложбата на фотографии „Јас сум професор по француски! Која е твојата супер моќ?“ на фотографот Каролина Димовска
Здружението на Македонците во Белград „Македониум“ вечер од 19 часот во Педагошкиот музеј во Белград ќе отвори изложба по повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, на која ќе бидат претставени 12 портрети од околу 50 што ги има изработено академскиот сликар Ангел Петров од Велес
Библиотеките од Кавадарци и Гевгелија потпишаа меморандум за соработка, информираше денеска директор на кавадаречката градска библиотека ,,Феткин”, Петар Гурев.
Членовите на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) вечерва во „Мала станица“ ја отворија својата Годишна изложба и воедно одржаа протест од кој упатија неколку барања до Владата и Министерството за култура.
Градот Битола, е избран да биде домаќин на 13 издание Фестивалот на краткометражни филмови „Balkans Beyond Borders“ кој повеќе од една деценија функционира како тематски фестивал на краток филм кој секоја година се одржува во различен европски град, со посебен фокус на Југоисточна Европа
Светската премиера на филмот „Преекспонирано“ ќе се случи на А фестивал во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро ( Cairo International Film Festival), кој се одржува од 13 до 22 ноември
На 20 октомври (четврток), во Кинотеката на Македонија, со почеток во 20 часот ќе биде прикажан филмот „Превртено“ на Игор Иванов-Изи, по повод 15 години од неговата премиера
Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) соопшти дека неговите изданија ќе бидат подостапни за членовите на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, со отворање и посебно катче во библиотеката наменето за овие изданија значајни за македонистиката
Во Македонска Каменица синоќа се одржа вечер на стенд-ап комедија. На настанот, кој Културно-информативниот центар „Романса“ од М.Каменица го организираше со продукцијата на „Златен Заб”, настапија познати стенд-ап комичари од земјава и Балканот
Во Музејот на град Кратово денеска ќе биде отворена тематската етнолошка изложба ,,Везот – белег на традицијата во Кратовскиот регион“ која има за цел да го претстави везот од Кратовскиот регион од фондот на текстилни етнолошки предмети при Музејот на град Кратово