Со читање есеи на Горан Стефановски, критички осврт, беседи и изведба на фрагменти од театарската претстава „За нашиот Горан“, денеска на пладне кај спомен-обележјето „Клупата на Горан Стефановски“, на скверот „Јас и ти“ во Дебар Маало ќе биде промовирана книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски
Мултимедијалниот проект „Керамикум во мермер“ на нашиот академски скулптор Емил Солески вечерва ќе биде поставен во Музејот на Македонија
Трибина на тема „Македонските книжевни списанија пред новите предизвици“ ќе се одржи денеска во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје
Во салата на Советот на општина Центар, денеска КСП Центар Јадро организира дводневна работилница „Критичка материја и материја на критика: експериментално пишување преку феминистички и пост-хуманистички партиципативен уметнички пристап“, под раководство на Егле Амбрасаите од Литванија
Рецензентот проф.д-р Димитар Пандев посочи дека овој труд е силна потпора на македонско-хрватските односи.
Ова е негова втора изложба на мозаици, а ја прикажува фигурата на жената како столб на општеството.
Организацискиот одбор на 55. Детски Рацинови средби распиша конкурс за предметните наставници од основните училишта за изработка на мултимедијален ИКТ проект, инспириран од ликот и делото на безвремениот Коста Солев Рацин на тема: „Рацин – поет на болката и љубовта“.
На првата самостојна изложба на Александар Томовски која вчеравечер беше отворена во МКЦ беа изложени дела што прикажуваат балерини, но во една поинаква средина – зад кулисите.
Јавната дебата беше проследена со изложба на фотографии од алтернативни простори, концепти за преуредување на локациите и концерт на „Игуана бенд“.
Романот „Хотел меѓу две војни“ се врати дома – во Битола! Наградуваната книга „Хотел меѓу две војни“ од Александар Русјаков, чие дејство главно се случува во градот на конзулите, беше промовиран вчеравечер (13 октомври) во топлиот амбиент на битолскиот локал „Порта џез“