Концертот ќе биде под диригентство на Габриел Бебешелеа, а ѕвезда на вечерта ќе биде пијанистот Дино Имери, кој ќе го изведе најпопуларното дело некогаш напишано за пијано, концертот на Чајковски во б-мол, соопштија од Белградската филхармонија.
Синдикат на културата на Република Макеоднија (СКРМ) регира на мерките и препораките за намалување на расходите донесени на седница на Владата.
Според историчарот на уметност Ангела Витановска, Ристовски, кој е графичар по вокација, одново се навраќа на чистиот графички израз, претставувајќи цртежи и графики, овојпат работени исклучиво во техника линорез.
Романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски неодамна излезе на српски јазик. Преводот е на Милена Илиќ, а книгата ја објави издавачката куќа „Тречи трг“ од Белград. Авторка на дизајнот на корицата е Дина Радоман.
Адреналинот во процесот на работа е прекрасен. Снимањето е како сурфање, мора да држите рамнотежа, бидејќи секој момент може да паднете во вода, но тоа си има своја убавина, има и свое течение, и правец и мора да носите ад хок одлуки, инаку ќе биде тешко.
Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија вечер со почеток од 19:00 часот, ќе одржи концерт Македонскиот брас квартет. Музичката формација во состав: Стојанче Косовски – труба, Александар Златески – труба, Горан Јанев – хорна, Владан Дробицки – тромбон ќе исполни познати музички дела од: Г. Ф. Хендл, Х. Персел, Џ. Ф. Анерио, М. Равел, Н. Р. Корсаков, А. Пијацола, А. Алјабиев
Со самостојната изложба на уметницата од Грција Александра Стампали – „Забранет дијалог“ и со изложба на слики со дела од Салвадор Дали од колекцијата на ОСТЕН Музејот на цртеж вечер започнува Официјалната програма на ОСТЕН Биеналето на цртеж – Скопје 2022
Во МКЦ вечерва Александар Томовски ќе ја отвори својата изложба на уметнички фотографии „Зад кулисите“
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ќе одржи прес-конференција по повод објавувањето на годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2023 година
Со концерт на ансамблот Exploding Star Orchestra, предводен од неприкосновениот лидер на чикашката авангарда, прославениот трубач, композитор, аранжер и визуелен артист Роб Мазурек, вечер во Скопје ќе биде отворен годинашниот 41. Скопски џез фестивал