Во НУЦК „Трајко Прокопиев“ во Куманово утре почнува Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“, на кој публиката ќе има можност да проследи комедии на дванаесет театри од државава и од странство
Владимир Костов од Македонија, Фахрудин Кучук од Босна и Херцеговина и Оливера Јелкиќ од Србија се годинашни добитници на наградата „Ана Франк“, што ја доделуваат издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“ од Скопје за врвни остварувања на планот на литературата за деца и млади
Во Културно информативниот центар на Скопје вечер во 19:19 часот ќе биде промовирана книгата на Иван Џепароски „Пандемија и постхуманизам“, во издание на Книгоиздателството Ми-Ан. Промотори се Наташа Аврамовска и Мишел Павловски
Граѓаните на општина Гевгелија кои се членови на библиотеката „Гоце Делчев“, од денеска имаат бесплатен пристап до стожерни дела од македонската литература создавана во текот на повеќе генерации
Во петок, на 30 септември, во 17 часот, во ЕУ информативниот центар EUROPE HOUSE во Скопје, ќе се одржи официјалната промоција на романот „Библиотекарката од Аушвиц“ од познатиот шпански писател Антонио Г. Итурбе
Народниот театар од Ниш, Република Србија, синоќа во велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ во рамки на 19. ИФАД „Стоби 2022“ ја изведе претстставата „Еден Едип“, по авторски текст на А. Н. Роса, во режија на Југ Ѓорѓевиќ
Здружението „Диван“ по шести пат објави стихозбирка „Мостови на пријателство“, традиционално по повод 28 Септември – Меѓународниот ден на Бошњаците
Во соработка помеѓу КРИК – фестивал за критичка култура и Фестивалот за феминистичка култура и акција – ПРВО ПА ЖЕНСКО, по првпат во Македонија гостува Шејла Камериќ, една од најзначајните уметници со огромен број меѓународни референци. Нејзината изложба насловена „Доаѓаме со поклон“ ќе биде официјално отворена вечер во Чифте амам во 20:30 часот, а на отворањето ќе претходи разговор со уметницата од 19 часот
Предавање на тема „Цензурата во филмот“ денеска ќе се одржи во Францускиот институт во Скопје, со почеток во 17 часот
Класичното камерно дуо „Екс Македоникум“ вечер од 19 часот ќе одржи концерт во Државниот музички училишен центар „Сергеј Михајлов“ во Штип