Во Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје вечер ќе биде отворена самостојната изложба на академскиот графичар и графички дизајнер Дарко Аницин
Министерството за култура соопшти дека по извршените анализи утврдило дека во заштитата на културното наследство долги години има празнина во обновувањето на кадарот во повеќе витални сегменти на овој значаен ресор во културата
Во рамки на Деновите на индустријата CineLink во соработка со Сараевскиот филмски фестивал, директорите на филмските центри од Македонија, Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора потпишаа тригодишен Меморандум за соработка, кој беше создаден како резултат на успешно организираната прва меѓународна програма посветена на регионалните актери
Од 26 август до денеска 16 уметници од повеќе земји учествуваа во работниот и творечки дел на 14-тата по ред Меѓународна уметничка колонија во организација на Национална установа Уметничка Галерија-Тетово. Учесниците ги создаваа своите уметнички дела додека престојуваа на Попова Шапка
Со проекција на „Носферату, симфонија на стравот“ филм на Фридрих Вилхелм Мурнау од 1922 година, во музичка придружба на Џијан Емин, во летното кино на Кинотека вечер во 20 часот започнува годинашното издание на „Фестивалот на нем и класичен филм“
Во Младинскиот културен центар, вечер од 19 часот ќе биде одржана интернационална поетска вечер во рамки на вториот Скопски поетски фестивал
Под мотото „Ако љубов немам – ништо не сум“ вечер во 20:30 во „НЛБ Галерија“ ќе биде отворена хуманитарна изложба во чест и спомен на хуманистката и економист Кираца Апостолова
„Еден поинаков поглед кон албумот“ е насловена изложбата на Дијана Томиќ Радевска, што ќе биде отворена вечер во музејот „Доктор Никола Незлобински“ во Струга, во организација на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“
Официјалната проекција на „Најсреќниот човек на светот“ е закажана во петок, 02. септември во киносалата „Sala Darsena“ со почеток во 14.15 минути, а потоа на 03. септември во киносалата „Palabiennale“со почеток во 13.30 минути.
Ивана Настески, уметница од Тетово, со самостојна изложба ќе ја претстави својата уметничка работа во главниот град на Србија, Белград