Од 26 август до денеска 16 уметници од повеќе земји учествуваа во работниот и творечки дел на 14-тата по ред Меѓународна уметничка колонија во организација на Национална установа Уметничка Галерија-Тетово. Учесниците ги создаваа своите уметнички дела додека престојуваа на Попова Шапка.
-Оваа година на Меѓународната Ликовна Колонија Тетово 2022 учествуваат 16 уметници од Македонија, Косово, Албанија, Италија, Украина и Бугарија. Уметници од различни земји од светот создадоа дела со различни мотиви и уметнички техники инспирирани од прекрасната природа на Шар планина кои ќе бидат изложени во просторите на Галеријата за визуелни уметности во Тетово. Целта на организирањето на Уметничката колонија, покрај почитувањето на различностите и прифаќањето на различностите, размена на идеи, искуства, различни школи, култури, начини и техники меѓу уметниците кои делат иста страст за сликарството. Овој традиционален настан беше разубавен со учеството на албанскиот мајстор, Едмонд Драми, кој пред неколку недели лично го претстави портретот на папата Франциско, изјави директорот на галеријата Илир Куртиши.
Завршниот дел од колонијата ќе биде заедничката колективна изложба по две недели.
-Затворањето на оваа голема манифестација ќе биде на 14 септември 2022 година во просторите на Уметничката галерија Тетово. На овој датум сликите на уметниците ќе бидат изложени во просторите на галеријата и уметниците учесници ќе добијат сертификати за нивното учество на овој голем настан, инфомирааа од галеријата.
Кустос на колонијата беше Бехар Ферати. Манифестацијата е реализирана со поддршка на Министерството за култура.