Под слоганот „Бесконечна слобода“, денеска во Струга почнува осмото издание на Фестивалот за краток филм „Drim Short 2024“. Фестивалот ќе трае до 11 август.
На сцената „Летница“ во Охрид вечер концерт ќе одржи ансамблот на Дунавската школа за фолклор од градот Баја, Унгарија. Ансамблот ќе настапи со сплет од традиционални унгарски народни песни и танци.
Расказот под наслов „Јоанес Даубманус“ на авторот под шифрата „Фанатик“ е избран за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“, што традиционално се распишува во чест на охридскиот и македонскиот раскажувач и писател.
Од денеска до петок, 9 август, оваа Декларација ќе биде поставена пред Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје, каде ќе може да се потпишат сите граѓани кои посакуваат мир и просперитет во светот.
Фестивалот „Охридско лето“ вечерва во Предворјето на црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот организира промоција на книгите „Радио“ и „Неправилен ритам“ од авторот Љупчо Јолевски.
Грчката вечер во рамки на годинешното „Охридско лето“ го носи дуото составено од уметниците Христос Гримпас на виолончело и Џорџ – Емануел Лазаридис на пијано.
Минатиот месец оваа добитна концертна комбинација настапи и во Колмар, Франција. Пребирливата публика од својот миленик беше наградена и со изведба на бис (квартет од Брамс од албумот „Пријателство“).
Крушевската староградска архитектура е уникатна и изобилува со уметнички апликации на фронталниот дел од куќите на видните крушевчани, а ги изработувале познатите крушевски зографи.
Музичката програма на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со целовечерниот концерт „Вечерен ѕвон“, посветен на 65 години од раѓањето на македонскиот композитор Гоце Коларовски.
Познатaта македонска поетеса, книжевна теоретичарка, aкадемик Катица Ќулавкова е добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ што се доделува од страна на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија, информираат од СВП.