„Остров на осаменост“ е насловена изложбата со цртежи на авторите Мирко Вујисиќ, Лидија Вујисиќ и Сашо Блажес, што вечер ќе биде отворена во куќата на Робевци во Охрид
Зоран Кардула и изложбата инспирирана од серијалот „Стар Ворс“ (Star Wars) и вонвременскиот изглед на споменикот Илинден ќе ја исполнат денешната програма во рамки на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“
Со фламенко балетот „Луксурија“ од Шпанија вечер на сцената на Антички театар, „Охридско лето“ ќе го прослави 62. Фестивалско издание
Филмот „Тркало на среќата и фантазијата“ на Рјусуке Хамагучи на 12 август ќе се прикажува во Кинотека, информира јапонската Амбасада
Битолското културно лето „БитФест“ продолжува со солистички концерт на Давор Неќак – баритон, во придружба на Горјана Стојановска – пијано
Романот „Фантомско стапало“ од Блаже Миневски излезе на руски јазик во Москва. Преводот од македонски на руски за книгоиздателството „Рудомино“ е на Олга Панкина, темелен познавач на двата јазика и голем популаризатор на македонските културни вредности во Русија
Млади ликовни уметници, членови на Детско ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ – Битола добија високи награди и признанија од детската ликовна колонија „Евора 2022“ која со поддршка на УНЕСКО се одржува во истоимениот град во Португалија
Театарски хип-хоп проект на МКЦ Скопје – „Црнила Ремикс“ е дел од официјалната селекција на Меѓународниот џез театарски фестивал „Нишвил“, што ќе се одржи во Ниш од 5 до 9 август
Во просториите на Чифте амам вечер ќе биде отворена изложбата „Трилогија: Под површината има уште една површина“ на албанскиот мултимедијален уметник Дриант Зенели
Голем интерес предизвика меѓународниот театарски фестивал во Демир Капија којшто стартуваше пред неколку дена и трае до петок, информираше денеска демиркаписката актерка Кристина Николовска.