Во научниот и уметнички центар „Куќа на Уранија” – МАНУ, вечер ќе биде промовиран лексиконот „Странски сликари во Македонија во периодот 1850-1950 година“ на авторите Влатко Милошевски и Зоран Андонов
Манифестацијата научни културни средби „Десет дена Крушевска Република“ ќе биде отворена вечер на Гумење во Крушево во организација на општината
Со доделување на награди за најдобрите македонски културно уметнички друштва и со интернационална вечер што ја приредија гости од Шпанија, Италија, Колумбија, САД, Србија и Полска, синоќа во Битола заврши 52 издание на Фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“
Тале Огненовски (1922-2012) ги постави темелите на македонската традиционална музика за кларинет и ја оформил рамката за тоа како треба да изгледа македонското народно оро за кларинет
Во Берово почнува првиот книжевно-уметнички фестивал „МалеМале” на кој ќе гостуваат познати писатели, уметници и музичари, чии дела ќе бидат претставени низ дводневната фестивалска програма
Музичко-сценскиот перформанс „Немаме резервна планета“ и француска вечер со Квартетот „Агат“ од Франција вечерва на фестивалот „Охридско лето“
НУ Центар за култура-Битола во рамки на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“ и во соработка со амбасадата на Шпанија во земјава, синоќа приреди изложба на фотографии „Махос и махас – сеќавајќи се на Мадрид, на Гоја“
Во битолскиот театар вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Only Artists Left Alive“ чиј режисер е Мартин Кочовски, продуцент Борис Василески и драматург Стефан Миленков
Во организација на Заедницата на Македонците во Република Хрватска и Македонското културно друштво „Илинден“ од Риека, денеска, во Општина Локве при Приморско-горанската жупанија, ќе се одржи централната прослава по повод најголемиот македонски национален празник „Илинден 1903-2022“
Со концерт на канадскиот џез вокалист Ори Даган, кој ќе го промовира својот албум „Click right here“, на платото на Ист гејт мол вечер ќе биде затворена манифестацијата „Скопско лето“