Во битолскиот театар вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Only Artists Left Alive“ чиј режисер е Мартин Кочовски, продуцент Борис Василески и драматург Стефан Миленков.
„Only Artists Left Alive“ патува низ времето, играјќи си со неговата хронологија, од самите почетоци на антиката па се до денешницата, најавија во пресрет на вечерашната премиера во Битола.
Во претставата настапуваат актерите Томислав Давидовски, Ава Хусеини, Марјан Наумов, Јанка Лефкова, Здравко Стојмиров и Марија Стефановска. Музиката ја подготви Пеце Трајковски, сценографијата е на Филип Јовановски, а костимографијата на Марта Дојчиновска. Претставата „Only Artists Left Alive“ е ко-продукција на независното здружение „Штрих“, Народен театар Битола и Младински културен центар – Скопје.