Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ објави јавен повик за учество на работилница за развој на идеи со Туе Стен Милер, консултант за документарни филмови и филмски критичар од Данска, како и отворен повик за учество на МакеКоПроДокс форум 2022 за продуценти/автори со долгометражни креативни документарни проекти
Во Музејот на Народната банка денеска ќе биде отворена изложбата В/редности и вредности, што е кураторски обид за селекција, презентација и толкување на културното наследство, претставено на тековното издание на македонските книжни пари, од 1996 година до денес
Со промоција на албумот „Здивот на вечната љубов” од Билјана Петровска синоќа во Делчево беше отворено годинашното „Делчевско културно лето“
Во рамките на Скопско лето, вечерва, со почеток во 20:30 часот, концерт ќе одржи хорот „The Harvard Krokodiloes“ , во Сули ан – Факултет за ликовни уметности
Mеѓународниот фестивал на европски филм – CINEDAYS, под слоганот „Од високо подобро се гледа“, ќе се одржи од денеска до 14 овој месец на повеќе локации низ Скопје – на покривот на ГТЦ, на покривот на Дом на градежници, Музеј на современа уметност, Авто киното на Водно, во МКЦ парк, во кино Милениум и Кинотека
Со целовечерен концерт на ансамблот „Танец“ вечер во Охрид почнува 61. издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во организација на центарот за култура „Григор Прличев“
Самостојната изложба „Муренките црници во изумирање во Радожда“ на академскиот сликар Славко Упевче ќе биде отворена вечерва, со почеток во 18:00 часот, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид
Изложба на скулптури „PUNCTA VISUM – ТОЧКИ НА ГЛЕДИШТЕ“ од академскиот скулптор Александар Ефтимовски денеска ќе биде отворена на платото пред влезот на Младинскиот културен центар во Скопје, со почеток во 19 часот
На отворањето на Фестивалот на новореставрирани филмови „Il Cinema ritrovato” во киното „Џоли“ во Болоња беше прикажан македонскиот кусометражен, осумнаесетминутен игран филм од 1957 година „Бунт на куклите“ во режија на Димитрие – Рули Османли
Триесетина студенти, уметници и заљубеници во уметноста кои се дел од овогодишната работилница за керамика „Терра арт“ ги совладуваат новите техники на изработка и боење на дела од глина