Со промоција на албумот „Здивот на вечната љубов” од Билјана Петровска синоќа во Делчево беше отворено годинашното „Делчевско културно лето“. Концертот го организираше Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ и е прв од низата концерти во рамки на оваа манифестација.

– Албумот е авторски и имаше онлајн промоција на 3 јуни годинава. Исто така сакам да кажам дека албумот е инспириран од македонската народна песна прикажан во современи техники на работа, малку излезен од класичните норми, истакна Билјана Петровска.

Освен Петровска, која настапи на пијано, на промоцијата настапија и Марија Јакимовска на флејта, Петар Колевски на кларинет и Владимир Крстев на виолина.

Од Центарот за култура го најавија и вториот концерт во рамки на Делчевското културно лето.

– Веќе во петок можам да најавам дека повторно имаме концерт. Ја повикувам публиката да дојде како и денес да го проследи настапот на групата Нонет, изјави директорот на Центарот за култура, Методи Толевски.

Делчевско културно лето се реализира со поддршка од Министерството за култура.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2022 09:28