Два дена по отварањето на изложбата на слики во Мултимедијалниот културен центар Матица Ексклузив од уметникот Павле Кузманоски, украдени се 16 негови ретки дела во маслена техника, пастели, акварели и цртежи во туш на тема урбани пејсажи создадени во последните 60 години
Со изложбата на уметничките дела создадени на годинашната Меѓународна ликовна колонија „Св.Јоаким Осоговски” синоќа официјално беше затворено 36-то издание на оваа колонија
Од денеска до 3 јули во Прилеп ќе се одржува традиционалната ликовна колонија „Дрен 2022“. Ќе се одржува по 14 пат и во рамките на колонијата ќе творат 16 сликари и скулптори од земјава и од странство
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска и утре во Тирана, Албанија, ќе учествува на Министерски состанок на платформите за Западен Балкан за култура, за истражување и иновации и за образование и обука
Во Театарот за деца и младинци – Скопје денеска од 19 часот, ќе биде изведена куклено-визуелната претстава „Во детската соба“, во рамките на програмата на фестивалот „Скопско лето“
Промоција на книгата „Театарски белешки“ на режисерот и професор Владо Цветановски ќе се одржи вечер во дворот на Факултетот за драмски уметности – Скопје
На младинскиот арт фестивал Битола Отворен Град, кој започна пред два дена, за прв пат се организираше „Берза на винили“.
Романот „Средиштето на светот“ од германскиот писател Андреас Штајнхефе објавен е на македонски јазик, од издавачката куќа Готен.
„Tворештвото на Стојан Ристески, 2“ е нова книга од лингвистот, критичар и поет Васил Дрвошанов, објавена во издание на „Бата прес милениум“
Во црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ денеска се одржува 7. меѓународна поетска манифестација „Охридски поетски бисер“, во организација на истоименото Здружение за литература и култура, а со поддршка на Општина Охрид.