Во библиотеката „Св Климент Охридски“ во Скопје денеска ќе бидат соопштени добитниците на наградите на традиционалниот поетски конкурс „Маџирмаалски поетски бранувања“
На малата сцена во Македонскиот народен театар денеска напладне премиерно ќе биде изведена монодрамата „Последната лента на Крап“ од Семјуел Бекет, во изведба, режија и продукција на Ѓорѓи Јолевски
Играниот филм „Хомо“ на режисерот Игор Иванов ќе има светска премиера на 51. Интернационален филмски фестивал во Индија, кој ќе се одржува од 16 до 24 јануари 2021 во Гоа, соопшти продукцијата Скопје филм студио
„Автобиографијата“ на Марко Цепенков, која првпат е адаптирана на современ македонски јазик, ќе биде промовирана вечер на фејсбук-страницата на „Литература.мк“
Локомотива – центарoт за нови иницијативи во уметноста и културата од денеска до 15 јануари преку онлајн настани ќе ги презентира видео интервенциите од проектот „Неуспехoт како пракса“ на уметникот Дарко Драгичевиќ (Берлин) остварена заедно со уметнички соработници: Рут-Јохана Андерсон (Стокхолм), Кристина Цупке (Берлин), Владимир Јанчевски (Скопје), Нина Мешко (Љубљана), Зорица Милисављевиќ (Белград) и Зорица Зафировска (Скопје)
На малата сцена во Македонскиот народен театар задутре (30 декември) напладне ќе има премиера на монодрамата „Последната лента на Крап“ од Семјуел Бекет, во изведба, режија и продукција на Ѓорѓи Јолевски
Годишна изложба на дела од кавадаречките ликовни уметници беше отворена денеска во Домот на културата „Иван Мазов-Климе” во Кавадарци
„Автобиографијата“ на Марко Цепенков, која првпат е адаптирана на современ македонски јазик, ќе биде промовирана на 29 декември (вторник) во 19 часот на фејсбук-страницата на „Литература.мк“
Филмската критичарка и новинарка Сунчица Уневска ја објави својата нова книга насловена „Филмски великани“
Светската премиера на долгометражниот игран филм „Барајќи ја Венера“, кој е косовско-македонска копродукција, ќе се одржи во февруари на Меѓународниот филмски фестивал во Ротердам, селектиран во програмата Tiger Competition