Пијанистот Кристијан Каровски вечер ќе одржи концерт во големата сала на Филхармонија. Концертот е насловен „Магијата на Шопен“ и ќе бидат изведени дела од големиот романтичар и пијанист – Фредерик Шопен
Во Изложбениот салон – Империјал на ЈУ Културно-информативниот центар – Скопје вечер ќе биде отворена самостојната изложба „Поврзување“ на академскиот сликар Наталија Пулејкова Радеска
Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ под диригентство на Летка Димовска – Полизова утре во фоајето на Националната Опера и Балет ќе одржи концерт насловен „Света Злата слави“ по повод 25 години од своето постоење. Концертот е во рамки на манифестацијата „Есенски музички свечености“
Предлог буџет за култура за следната година изнесува 3,85 милијарди денари или 62.692.000 евра
Министерката за култура Ирена Стефоска најдоцна до следната недела ќе закаже состанок со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков за да разговараат за заедничките чекори во врска со заштитата на Охридскиот регион
Со вечерашната изведба на претставата „Глембаеви“ на Прилепскиот театар, во режија на Бранко Брезовец, заврши првиот блок на претстави на 46. издание на Млад отворен театар
Најновата претстава на Македонски народен театар (МНТ) насловена „Торонто експрес“ ќе ја доживее својата праизведба на 15 декември. Претставата е работена по мотивите на збирката есеи „Тибам Штркот“ од авторот Зоран Спасов-Ѕоф и е во режија на Јордан Симонов
Панорама на современата македонска поезија е објавена на српски јазик во зборникот „Шумадиски метафори – 2021“, поточно во централното место „Поетско дарување”
Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) вечер во два објекта на Националната галерија – Чифте амам и Мала станица, ќе отвори јубилејна изложба на негови членови по повод 75 години од основањето
Вечерва од 20 часот Биг бендот на Здружението на џез музичари во Филхармонија ќе свири музика на легендарниот и авангарден музичар Френк Запа. Диригент на концертот е Австриецот Зиги Вајгл