Со претставата „Пиреј“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски што ќе биде прикажана онлајн вечер, од 19 часот, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ ќе го одбележи Меѓународниот ден на театарот – 27 Март
Вкупно 96 апликации од 61 автор од земјава пристигнаа на отворениот повик за илустратори и дизајнери за изработка на илустрации на четирите современи приказни „Бакнежот на пролетта “, „Осаменото дрво “, „Перуника“ и „Сончевото момче Ил“, избрани во претходниот отворен повик
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска во Министерството за надворешни работи ќе ја отвори изложбата „50 години Франкофонија – поглед од Македонија“
Министерката за култура Ирена Стефоска денеска на онлајн состанокот со директорите на заводите за заштита на спомениците на културата и музејските институции во земјава, посочи дека заедно со директорите ќе останат доследни за максимална грижа во заштитата на културното наследство
Кризите се секогаш шанса за преобразба. Промените се неминовни и нужни. Кога сите дефиниции за театарот паѓаат во вода за време на криза, предизвик и културна обврска на секој поединец-уметник е да повикува на повисок степен на одговорност, иновативност, креативности истражување на нови модели и форми на театарско битисување сега и во иднина, вели актерката Сузан Акбелге од Турскиот театар-Скопје во македонската порака по повод годинашното одбележување на Светскиот ден на театарот – 27 Март
Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“-Битола во рамки на својата издавачка дејност промовира зборник со стручно-научни трудови на тема „Училишните библиотеки во Битола и Битолско“
Театарот за деца и младинци (ТДМ) денеска го прославува 31-виот роденден и соопшти дека поради пандемијата го одбележува скромно – со низа пораки и честитки споделени на социјалните мрежи од нивни колеги актери
Издавачката куќа „Паблишер“ ја објави „Доктор Проктор и големата кражба на злато“ од Ју Несбе, во рамки на едицијата „Приказни што нè обединуваат“, поддржана од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија
Во галеријата на „Завод и Музеј Струмица“ вечер ќе биде отворена самостојната изложба на младиот ликовен уметник Ѓорги Динев
Агенцијата за филм на Република Македонија денеска соопшти дека во насока на транспарентност на средствата реализирани од годишниот буџет, почнувајќи од 2019 година, издава публикација наречена „Факти и бројки“