-Членовите на стручната евалуациона комисија едногласно заклучија дека МСУ- Скопје е еден од водечките музеи во државата и затоа од суштинско значење е музејот да започне со трансформација во насока за подобра пристапност и инклузија, се вели во соопштението..
Во издание на Институтот „Инаку" – Скопје, деновиве излегоа од печат четири нови хаику книги и тоа: „Хаику миг” - хаику песни од 38 автори, „Мајчински муабети под праската” од Даниела Ефтимова, „Бисерно клопче” од Оливера Јовановска и „Миа" од Марија Челебиева.
Политичкиот трилер на Гоце Цветановски, „Бизнисот на задоволството“ влезе во официјалната селекција на 17-тото издание на фестивалот Сине дел Мар во Пунта дел Есте, Уругвај.
Градскиот мешан хор „Vox Lychnidos“ од Охрид, предводен од диригентот Бурим Хидри, доби висока награда на 29. по ред регионален хорски фестивал „Блистави гласови“ што се одржа во Ниш, соседна Србија.
Галичко потекло има невестата Стефана, која на прес-конференција денеска рече дека е преплавена од емоции, чувствува среќа и возбуда и е почестена што со Даријан годинава ќе бидат младенци на Галичката свадба.
Со проекција на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд”, во режија на Андреас Јонсен, во продукција на МКЦ, Rosforth и Rumraket, како и со концерт на „Ефтеркланг: Македониум бенд”, на 11 јули ќе биде отворен 23. издание на фестивалот СИНЕДЕЈС.
Во рамки на 45. „Скопско лето“, вечер во Куршумли ан ќе биде изведена претстава за деца „Разгалениот принц“, а во Културно-информативен центар ќе се одржи концерт на мецосопранот Александра Коцевска и пијанистот Глигор Гелебешев.
Општина Охрид го распиша годинешниот конкурс за најдобар расказ, што традиционално се доделува на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“, во чест на охридскиот и македонскиот писател и раскажувач.
Самостојната изложба „Пчела“ беше отворена попладнево во галеријата „Ко-ра“. Станува збор за изложба на професорот Љубе Алексовски, со што се одбележуваат 40 години од неговото активно творештво во сферата на визуелните уметности.
Со Васил се знаеме подолго време. Сме били заедно учесници на разни проекти и на разни концерти, кај што не сме биле фронтмени на ситуацијата, туку сме били гости или сме били во некоја комбинација која не е баш каква е вечерва.