Во Музејот на современата уметност вечер ќе се одржи бесплатна проекција на документарниот филм „Во огледалото на Маја Дерен“ (In the Mirror of Maya Deren, 2002, 104') во режија на Мартина Кудлачек (Martina Kudlácek).
Право да се пријават за наградата имаат автори и изведувачи од сите земји на поранешна Југославија, со песна и со текст на еден од јазиците што се зборуваат на територијата на поранешните југословенски републики, вклучувајќи ги и јазиците на малцинствата.
Во галеријата на македонскиот Културно-информативен центар во Софија, Бугарија, вечер ќе се одржи промоција на преводот на романот „Сфинга на гневот“ од македонскиот писател Жарко Кујунџиски, информираат од издавачката куќа „Антолог“ од Скопје.
Филмската приказна на Столевски, како што се појаснува во соопштението, е околу универзалните вредности на семејството - она во кое сме се родиле и она кое самите сме го избрале.
Во пресрет на изложбата од Националната галерија, која е организатор на поставката, пренесуваат дел од ставовите на авторите кои се осврнале на комплексното творештво на Мирослав Масин, за естетичките категории и темите на интерес на уметникот.
Писателите Томислав Османли и Шкељзен Халими од нашава земја ќе учествуваат на вториот по ред балкански книжевен собир што ќе се одржи денеска и утре во Солун.
Поцкова и Стојанов велат дека го прифатиле предизвикот, а како што велат подолг период биле во дилема дали ќе можат да одговорат на предизвиците.
„По стапките на дедо“ е насловот на изложбата со рачни изработки од Сара Матовска, што на 26 мај ќе се одржи на Женска плажа во Струга.
Вкупно 24 бајки од 23 македонски автори се содржани во книгата „Нови бајки од Македонија“ во издание на издавачката куќа „Арс Ламина“ која беше промовирана денеска.
Книгата на Милутин Станчиќ претставува збирка на патеписи и репортажи, кои авторот ги бележел низа години наназад, посетувајќи места, личности, домови, спомен-обележја и сл. поврзани со животот на припадниците на српската заедница која живеела и сé уште живее на овие простори.