Ансамблот кој стои зад „Гласови“ брои 17 члена. Во него, покрај „Мизар“ (Горазд Чаповски и Илија Стојановски) и „Хармосини“, вклучен е и оркестар со десетина врвни музичари, предводени од Дени Омерагиќ.
Во Крушево и Регионот се 23 цркви, а бројот на икони достигнува над 500. Претежно се работеше (зависеше од средствата) на црквите и наследството во Крушево, особено е богата црвата „Успение на Пресвета Богородица“.
По повод 100 години од физичкото заминување на Франц Кафка (1883-1924), еден од највлијателните европски и светски писатели на 20 век, ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“-Гевгелија распиша награден конкурс за книжевни творби.
Операта „Трубадур“, опишана како „симфонија на љубовта, одмаздата и судбината“, ја режира Иван Поповски, диригент е Енрико Довико од Италија, сценограф Миодраг Табачки од Србија, костимограф е Марија Пупучевска и кореограф Саша Евтимова.
Со последните два мурала во Кичево и Скопје е заокружена серијата мурали во духот на заедницата, кои го отворија 19. издание на АКТО фестивалот за современи уметности, во организација на Здружението Факултет на работи што не се учат - ФРУ од Скопје.
Конкурсот беше распишан од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, и се состои од три проекти - ликовен, литературен и дигитална содржина.
Филмот „Лена и Владимир“ во режија на Игор Алексов ја доби главната награда за најдобар долгометражен игран филм на 13 издание на Меѓународниот филмски фестивал Julien Dubuque (JDIFF), кој се одржа од 24 до 28 април во Дубјук во Ајова.
Објавен е романот „Татковина to go“ на хрватскиот писател Роберт Меѓуречан во издание на „Перун Артис“ од Битола.
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на Интернационалниот филмски фестивал во Хјустон (WorldFest-Houston International Film Festival) во Соединетите Американски Држави.
Самостојна изложба на македонската уметница Александра Ацеска, ќе биде отворена денеска во културниот и креативен парк Зинитанг, во Гуангжу, Кина.