Управниот одбор на ДПМ соопшти дека подготовките за Годишното изборно Собрание закажано за 1 јуни, годинава во просториите на ДПМ се во тек, согласно одлуките на Управниот одбор на Друштвото и според однапред зацртана и утврдена динамика.
„Бродот. Конзархија“ е шестиот по ред роман од македонски автор кој се појавува на руски јазик во едицијата „100 словенски романи“, при што сите нив ги преведе Панкина. По „Дваесет и првиот“, ова е втор роман на Османли што Панкина го преведува на руски јазик.
Албанскиот театар од Скопје на покана од Културно - информативниот центар на Република Северна Македонија, во Тирана ја изведе претставата „Диво Месо“ од Горан Стефановски во режија на Мартин Кочовски.
Во Собранието на Македонија попладнево беше доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2024 година за особено значајни остварувања во интерес на државата во областа на науката.
Фото-кино клуб „Козјак“ од Куманово денеска ги соопшти резултатите од конкурсот за „ФИЛМАЈ 2024“ фестивалот на краток филм.
Како што соопштија од Министерството за култура, седницата се одржала на иницијатива на министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска.
На програмата на Кинотеката во мај ќе има проекции на македонски филмови, а фокусот ќе биде на филмското творештво на режисерот, сценарист и продуцент Столе Попов (1950) кому оваа година му е доделена кинотечна награда „Златен објектив“.
Во духот на предвечерието на големиот христијански празник Воскресение Христово –Велигден, НУ „Охридско лето“ организира концерт на православна хорска музика со Женскиот хор „Менада“ од Тетово.
Во рамките на Скопскиот поетски фестивал, чиешто четврто издание ќе се одржи од 29 мај до 1 јуни, и годинава ќе се организира преднастанот „Отскочна даска“ ‒ поетско читање за млади поети и поетеси.
Филмот ќе се снима до крајот на мај 2024 година, на живописни локации во општините Гевгелија и Демир Капија,соопштија од продукцијата Веда Филм од Скопје.