Програмата „Паралели“ ја означува соработката на фестивалот и Националната опера и балет и опфаќа три современи кореографии на домашни автори.
Книгата „Си беше еднаш“ е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за внимателно селектирани и спакувани во ново руво, 52 бајки од Ханс Кристијан Андерсен, браќата Грим и Шарл Перо, по една за секоја недела во годината.
„Господ да ја благослови Македонија“ е насловот на најновото аудио ЦД на новинарите на Македонското радио – Радио Скопје Свето Стаменов и Билјана Таневска Спировска, кое деновиве и официјално беше објавено.
- Промотори на книгата се режисерите Ана Опачиќ и Даријан Пејовски. Промоцијата ќе биде проследена и со џез концерт на нашите еминентни музичари со Гоце Стефковски квартет, во состав: Гоце Стефковски, Дарко Мучев, Филип Динев, Кирил Кузманов, пишува во соопштението.
Фестивалот на грчки филм синоќа во Кинотека свечено го затвори амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду, а потоа следуваше проекцијата на филмот „Жена-Убиец/Фониса“ на Ева Натена и „Поглед од балконот“ – краток филм на Арис Капланидис.
Штипскиот Народен театар вечерва на сцената ќе ја има премиерата на детската претстава „Книголандија“, најави на денешната прес-конференција директорот на Центар за култура „Ацо Шопов“-Штип, Горан Трајков. Тој истакна дека целта е да се разбуди чувството кај децата за важноста на книгите, со цел повеќе да се развиваат, сонуваат, фантазираат преку еден ваков вид на претстава.
Драмското студио Тетово најавува две гостувања со претставата „ВАЈ-ФАЈ“, како и почнување со проби за премиера на комедијата „ВИ Спасувач на бракови“. На 17 април Драмското студио Тетово ќе почне да се подготвува за новата театарска претстава.
По повод Светскиот ден на уметноста в понеделник во Европската куќа во Струга ќе биде отворена групна изложба „Реотркивање“.
Со проекција на анимираниот краткометражен филм „Поглед од балконот“ на Арис Капланидис и на филмот „Жена-Убиец / Фониса“ на Ева Натена во Кинотеката во Скопје вечер ќе биде затворено четвртото издание на Фестивалот на грчки филм.
Во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје денеска ќе се одржи книжевен настан на кој ќе биде претставено творештвото на писателката и сценаристка од Хрватска, Дора Шустиќ. Модератор на настанот ќе биде писателот Владимир Јанковски.