Утринава е мирно на Серта, гори на неколку мали локации, информираше денеска неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.
Два турски авиони за гаснење пожар „ер трактори“ и еден хеликоптер се вклучуваат во гаснењето на пожарите што ја зафатија земјава.
Активни се девет пожари на отворен простор во земјава, а изгаснати се 17 пожари, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Кризниот штаб на Општина Неготино побара од ДЗС дополнителна противпожарна опрема, од СВР Велес обезбедување дрон за подобра прегледност на теренот и од Македонија пат, механизација, ова е заклучокот од вечерашниот состанок на Штабот.
Рано утрово се гаснело со еден полициски хеликоптер, веднаш потоа и со два армиски хеликоптери, а нешто подоцна со два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување.
Разгорен е пожарот меѓу селата Дреново и Долно Јаболчиште на планината Лисец, во општина Чашка. Гори дабова шума, информираа за МИА петчлениот тим од Општина Чашка, вклучена во гаснењето.
За животот и делото на херојот говорешe членката на Советот на Општина Струмица, Македонка Глигорова.
Оттаму посочуваат дека согласно одлуката и препораките на Владата за кризна состојба, екипите на АД МЕПСО, ќе ги насочат своите тековни теренски активности кон превентивно и активно учество во следење на состојбите со пожарите во близина на далекуводните траси.
Оттаму додаваат дека припадниците на Армијата се справуваат со пожарите во неготинско на тешко пристапниот терен од земја и од воздух.
Пожарот кон штипските села Селце и Драгоево во моментов е активен, но стишен, вели за МИА командирот на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ)-Штип, Благој Ренџов, кој од утринава е на терен на планината Серта во неготинскиот дел.