Двата хеликоптера од составот на воздухопловниот ВИНГ кои од утрината се ангажирани во гаснењето на пожарот на планината Серта досега имаат фрлено 44 тони вода, информираа попладнево од Генералштабот на Армијата.

- Двата хеликоптери од составот на воздухопловниот ВИНГ во претпладневниот период интервенираа со 22 ведра и исфрлено 44 тони вода на локациите на кои се побаруваше, велат од ГШ на Армијата.

Оттаму додаваат дека припадниците на Армијата се справуваат со пожарите во неготинско на тешко пристапниот терен од земја и од воздух.

- Припадниците на Армијата кои од утринава се вклучија во гаснењето на пожарите во неготинскиот регион во координација со сите инволвирани субјекти во моментот интервенираат на посочените критични точки на многу тешко пристапен терен на планината Серта со цел локализирање на пожарот и негово ставање под контрола, се наведува во соопштението.

Владата доцна синоќа прогласи кризна состојба во времетраење од 30 дена по што од рано утринава во гаснењето на пожарите се вклучија припадници на Армијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/07/2024 19:47