Во услови на високи надворешни температури Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира да се води грижа и за домашните животни и милениците.
Секоја година се зголемува бројот на каснати граѓани од кучиња скитници кои бараат отштета од локалната самоуправа и секоја година по таа основа се оштетува општинскиот буџет.
Според нив, потребите за вода кај сите земјоделски култури се големи и перманентни. Затоа, се препорачува производителите да ги користат сите можни капацитети за наводнување.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска на свечен начин на платото пред храмот „Св. Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид по 21 пат на 15 најдобри дипломци по технички науки од четири државни универзитети им го врачи признанието „Инженерски прстен“.
Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата ги демантираат изнесените информации, односно, како што стои во нивната реакција, непроверени информации во врска со започнувањето на пожарот во околината на село Пепелиште.
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги додели сертификатите на учесниците на четвртото издание на Кампот за високо-технолошка извонредност што под нејзино покровителство во организација на „Македонија 2025“ се одржува во Охрид.
На граничниот премин Табановце во периодот од 10/ 11 јули годинава од полноќ до 08:30 часот утрово, излез оствариле 1.353 патници, а влез 3.536, соопшти денеска МВР. Зголемен е бројот на патници и возила во овој период со оглед на годишните одмори.
Деканот на Филозофскиот факултет Ратко Дуев за МИА изјави дека сѐ уште останува „битката“ за овие студенти, дека такви битки се вообичаени при востановување нови студиски програми и оти досега за ова е дискутирано со неколку министри за труд и социјална политика.
- Хеликоптерот од МВР кој беше ангажиран во гаснењето на пожарот во Неготино е повлечен бидејќи ги исполнил работните часови. Армискиот хеликоптер се уште е на задачи и не е ослободен. Ветија дека ќе го пуштат до 12 часот, велат од ЦУК.
Температурата на водата во Дојранското Езеро изнесува 30 степени целзиусови, а на Охридското 26,5 информира УХМР.