Во пожарот кај Пепелиште се зафатени околу триста хектари површина, според проценките на пожарникарите на терен, се чека во гаснењето да се вклучи и хеликоптер, попладнево потврди за МИА, неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. Гори трева и нискостеблеста шума.
Во прилепскиот Основен суд денеска по трет пат се одржа судското рочиште на кое жителите на прилепско Оревоец бараат времена мерка против ископот што го прави „Бехтел и Енка“ до нивното село.
Пожар на отворен простор кај село Пепелиште се шири кон планината Серта, од Општина Неготино до ЦУК има барање за асистенција од хеликоптер, информираа попладнево од Центарот за управување со кризи.
-Никогаш не било вака во ЈП Национални шуми. Не знам како дозволија претпријатието да го остават во ваква катастрофална состојба и неподготвено, а кога доаѓаат жештини со големи пожари, потенцира Михаилов.
Евроамбасадорот Гир изрази задоволство од постигнатите резултати во развојот на локалната инфраструктура и создавањето услови за економски развој во општината.
Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктураизградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта отпочнаа градежните активности на улица „11“ во Стопански комплекс Илинден.
Се упатува апел до граѓаните кои ќе сакаат да ја проследат вежбата од означените места, да ги почитуваат насоките на службените лица задолжени за обезбедување на овој значаен настан.
Ставен е под контрола големиот пожар што вчера попладне ја зафати шумата во близина на струшкото село Делогожда, информира за МИА командирот на Територијалната против пожарна единициа Струга, Фети Мазари.
Голем шумски пожар беснее во близина на струшкото село Делогожда, потврди за МИА командирот на Територијалната против пожарна единициа Струга, Фети Мазари.
Од Спортското риболовно друштво „Брегалница" Делчево апелираа да се истражи причината, алудирајки, дека појавата се повторува речиси секое лето.