Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктураизградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта отпочнаа градежните активности на улица „11“ во Стопански комплекс Илинден.

Со градежните работи планирано е да се изврши целосна реконструкција на улицата во должина од околу 600 метри. Оваа улица е од големо значење бидејќи претставува главна сообраќајна конекција во индустриската зона каде гравитираат голем дел од компаниите. За време на реализација на градежните работи на улицата ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај, кој ќе го спроведува фирмата изведувач на активностите на терен БИТЕМ.

Увид на градежните работи изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој се запозна со динамиката и текот на одвивање на активностите, пришто посочи дека реконструкцијата на оваа улица значително ќе ја подобри функционалноста во работењето на стопанските субјекти од локалната економска зона. Целосната инвестиција за реализација на овој проект е со средства од буџетот на Општина Илинден.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со инвестиции за подобрување на локалната патна инфраструктура се со цел да им се овозможи подобри и поквалитетни услови за живеење.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2024 17:47