Со воскресна вечерна богослужба во храмот „Свети Атанасиј“ во струшкото село Вишни и измивање на моштите на света Спаса и нивно префрлање во нов кивот, попладне ќе почне свечениот чин на канонизација на новите македонски светители Спаса и Спасе Вишенски.
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на локален пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе биде од 11 до 19 степени, а дневната од 29 до 36. УВ индексот ќе изнесува 8.
Директорот на ЈП „Стипион“-Штип Панче Стефановски денеска за МИА изјави дека тоа значи одредени автобуски линии ќе бидат редуцирани во летниот период.
Директорот на ЈП „Исар“, Кирил Зајков истакна дека денешниот ден е свечен ден за граѓаните на Штип и за комуналното претпријатие, кое стопанисува и со работната единица Градски пазар, бидејќи Штип доби модерен европски пазар.
Хавзи Ризвани, претседател на месната заедница на сопственици со викендички Попова Шапка, вели дека жичницата поминува над населбата, па затоа е важно да се најде решение.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Врвна понуда на вина, проследена со богата музичка програма и неповтoрлива забава за охриѓани и туристите ќе донесе третото издание на „Ohrid Wine Festival“ што од 27 до 29 овој месец ќе се одржува на Кејот на Охридското Езеро пред хотелот „Палас“ во Охрид.
Учениците од четврто, петто или шесто одделение од наредната учебна година ќе имаат можност да изберат Филозофија како слободен изборен предмет.
Со воскресна вечерна богослужба во храмот „Свети Атанасиј“ во струшкото село Вишни и измивање на моштите на света Спаса и нивно префрлање во нов кивот (кутија), в сабота попладне ќе почне свечениот чин на канонизација на новите македонски светци Спаса и Спасе Вишенски.