Врвна понуда на вина, проследена со богата музичка програма и неповтoрлива забава за охриѓани и туристите ќе донесе третото издание на „Ohrid Wine Festival“ што од 27 до 29 овој месец ќе се одржува на Кејот на Охридското Езеро пред хотелот „Палас“ во Охрид.

На отварањето на фестивалот на 27 јуни на сцената ќе настапат „Backdoor band“, Миле Кузманоски и „Куку леле“. Вториот фестивалски ден на е резервиран за настапите на „Urban planet“, „Next time“ и „Brass brothers“. Во рамки на третиот фестивалски ден на 29 јуни за забавата на присутните ќе се задолжени „Балканико“, „Ареа“ и Влатко Лозановски.

„Концертите на македонските музички артисти ќе бидат надополнети со дегустацијата на македонски вина и вкусна храна“, информираат од Општина Охрид.

Покровител на овој тридневен фестивал е Општина Охрид, а истиот е организиран од „Крафт Продукција“.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2024 01:06