Припадници на Баталјонот на специјални сили на Армијата на РСМ во текот на утрешниот ден во водите на Охридското Езеро кај Центарот за обука на вода во периодот од 10 до 12 часот ќе реализирааат показна вежба - препад на пловен објект.
Дел од одбележувањето беше читање на пригоден реферат изработен од професорот Славчо Јовановски.
Денеска пред споменикот на паднатите борци од НОАВМ во Малиот градски парк во организација на Општина Струмица беше одбелеќан 9 Мај-Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.
Времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во исто време, се заблагодарува на Македонците од Република Албанија што вчера го оствариле правото на глас.
Метеоролозите најавија дека денеска, особено попладне, ќе има појава на метеоролошка нестабилност, со локален пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град.
Во Скопје променливо облачно. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.
На раскошно украсени епитафи и со традиционалните торжества, моштите на „Свети Георгиј Победоносец“, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица, денеска повторно ќе ја осветат Струга.
Наскоро заедничка богослужба во црквата „Свети Архангел и Михаил“ во Пустец ќе одржат Митрополит Преспанско-пелагониски и администратор Австралиски и Новозеландски г. Петар и корчанскиот митрополит Јован.
Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Македонија, месец април годинава се карактеризира како многу топол и нормално врнежлив месец во споредба со многугодишните просечни вредности, информираат од УХМР.