Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец
Евроамбасадорот Дејвид Гир, заедно со министерот за локална самоуправа Горан Милевски и претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје Петре Шилегов, денеска официјално ќе го означат почетокот на повикот за предлог-проекти „ЕУ за општините“ вреден 5 милиони евра, кој има за цел да ги зајакне единиците на локалната самоуправа преку три приоритети на ЕУ: солидарност, соработка и „зелен„ пристап
Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со утринска магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Oдделението за уво, нос и грло во прилепската градска болница веќе прими десет пациенти со полесна клиничка слика на коронавирусот. Со ова се растовари притисокот на Инфективното одделение кое е полно со пациенти.
Правејќи преглед на состојбата во втората фаза од болеста, поточно од петти јуни, кога повторно се врати на ова подрачје, според вчерашните официјални податоци, со Ковид-19 биле заразени 269 лица од двете општини.
Во штипската градинка „Вера Циривири-Трена“ има позитивен случај на коронавирус. Станува збор за вработен од техничкиот персонал, информираше денеска вршителот на должност градоначалник на Општина Штип, Јане Миланов.
Директорот д-р.Митко Крџев потврди дека во завршна фаза е доградбата на Дневниот прифатен центар каде се врши тестирање на пациентите, со цел да се обезбеди простор за уште осум болнички кревети за пациенти кои примаат дневна терапија и чекааат резултати од ковид тестовите.
Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека високите вредности на ПМ 10 суспендираните честички кои пред кратко време се појавија на мерното место во Кичево се резултат на стабилизација на мерниот инструмент
Позитивен наставник изолира колега и 22 ученици, заболени се и три медицински лица во Кавадарци, оваа информација за МИА ја потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.
Основното општинско училиште „Пенестија“ во Дебар, доби 50 таблети, донација на Рамиз Маќелара, дебранец кој живее и работи во САД