Во тек на изградба е Дневниот центар за лица со телесна или ментална попреченост во Кавадарци, што ќе располага со капацитет за 40 корисници. Од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, денеска информираа дека вкупната вредност на проектот е 40.856.910 денари.
Штипскиот градоначалник вели дека градежни активности има на повеќе локации во населбите.
Во Собранието денеска беше одбележан месецот за подигнување на свеста за рак на дојка, настан во организација на собраниската Комисија за здравство.
Во целост со оние проекти коишто очекуваме да бидат дополнети до 15 ноември ќе ја заминеме бројката 350, минус една општина која што за жал конкурираше само со проект што е во фаза на изградба со избран изведувач и тука ние не можеме ништо да направиме
Во следните два дена ќе има зголемена облачност со слаб локален дожд во среда, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
На блокадата кај крстосницата кон селото Бели присутните рекоа дека се работи за спонтан собир на кој нема да му дозволат на ниту едно комунално возило за транспорт на отпадот, и од Кочани и од соседните општини Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево, да помине кон депонијата.
Студентите на Педагошкиот факултет, но и другите кои студираат на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола од неодамна имаат на располагање прирачник за медиумска писменост во високото образование.
Во Скопје, наутро со услови за слаба магла, а преку денот времето се очекува да биде сончево со мала облачност и со слаб ветер од северен правец. Минималната температура да се спушти до 6, а максималната да достигне до 26 степени.
Заврши 39. издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“. Годинава на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип беа промовирани 28 нови композиции. Во рамки на двете фестивалски вечери беа испеани 13 песни од дебитанти, од кои синоќа публиката слушна пет песни.
На јавниот повик за помош во справувањето со тешката состојба, што Општина Кочани го упати до институциите и општествено одговорни компании во државата, позитивен одговор е добиен од американско-турската компанија.