Општина Демир Хисар во пресрет на христијанскиот празник Белигден организира превелигденски културен викенд на кој ќе бидат приредени театарска претстава и фолклорен фестивал.
Компанијата „Слајс“ на дебарската општа болница со проширена дејност и донираше 40 компјутери, што е последователна помош од компанијата за оваа здравствена установа.
Во планинските подрачја утре ќе има краткотраен локален дожд, а во сабота попладне ќе има услови и за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Градот Охрид и оваа година традиционално ја одбележа годишнината од херојската смрт на Христо Узунов, македонскиот револуционер и војвода на охридските револуционерни чети.
Во Скопје променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 22 степена.
ЈЗУ Институт за јавно здравје го најави одбележувањето на 100 години од своето формирање, под мотото „Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија - 100 години чувар на вашето здравје“.
Вчера на 23.04.2024 година се одржа втората седница на Одборот за акредитација на високото образование во просториите на Филозофскиот и Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј„- Скопје.
Општина Охрид е Јавното претпријатие „Градски пазар“ и оваа година ќе го организира веќе традиционалниот „Велигденски базар“.
Деновиве во салата на Советот на општина Пустец се одржала јавна дебата за барањето, на која Стерјовски и потпретседателот на МАЕИ, Ефтим Митревски го образложиле значењето и симболот на поставувањето на бистата на Гоце Делчев за македонската заедница.
Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во четврток врнежите локално ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи, а на повисоките планини ќе преминуваат во повремен слаб снег.