Во Скопје претпладне ќе е сончево со мала облачност и со слаб јужен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за појава на краткотарен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 26 степени.
Центарот за култура „Ацо Шопов“ – Штип по осми пат го организира фестивалот „Малиот принц“ за театрски претстави за деца, а реализирани од професионалните театри во земјава.
Општина Кочани попладнево беше организатор и домаќин на меѓународна велосипедска тура со која ја одбележува Европската недела на мобилност и утрешниот, 22 Септември – Ден без автомобили.
Гостиварскиот градоначалник, Арбен Тараври попладнево се сретна со претставниците на граѓанската иницијатива „Стоп Русино – чист воздух во Гостивар. Откако ги слушна нивните барања, Таравари нагласи дека и тој ги поддржува, прво како граѓанин на Гостивар, а потоа како градоначалник.
На Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово денес започнаа редовните предавања за новата академска 2020-21 година за студентитe од сите циклуси на студии, информираат од високообразовната установа.
Негувателка од кумановската градинка е позитивна на коронавирус, потврдија денеска надлежните од јавната општинска установа „Ангел Шајче".
Опасниот коронавирус однесе уште една жртва во Дебар. Станува збор за 54-годишен маж од градот, кој почина во болнички услови. Беше хоспитализиран подолго во здравствена установа во Скопје.
Концентациите на ПМ10 честичките и ПМ 2.5 во моментов не е мерат на четири мерни места во земјава во Гази Баба, Миладиновци, Битола 1, Струмица и во мобилната станица која е лоцирана во Ѓорче Петров. Причини се кај дел технички проблеми, а кај дел поради дотраеност.
Срна била усмртена од возило додека се движела по автопатот Тетово-Скопје, а при судирот повредена е и сопатничка во автомобилот, информира денеска СВР Тетово.
Во рамки на Европска недела на мобилност, денеска во организација на Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, отсекот за превенција од СВР Куманово и Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот организираа ревијално возење на велосипед во кој учествуваа ученици, членови на општинските тимови за безбедност во сообраќајот и претставници од велосипедскиот клуб Вело М