Христе Атлески (39) од тетовско Ратае, на кого му е украдено возилото, бара информации од граѓаните со цел да се најде автомобилот. Станува збор за „бмв“ со регистрација TE5 79 DU (на латиница) со темносина боја.
Полицијата апелира до сопствениците на угостителските објекти и граѓаните да ги почитуваат препораките од Владата на Република Северна Македонија и законските правила и прописи.
– Веќе имаме наши корисници, читатели кои го посетија штандот. Ги покануваме љубителите на пишаниот збор да го посетат саемот, да ја збогатат домашната библиотека и на тој начин да уживаат во најновите изданија, изјави директорката на библиотеката, Христина Алексовска.
Прославата по повод празникот ќе се одржи на 27 и на 28 август на отворено во дворот на манастирот. Со оглед на законските правила и услови донесени од страна на Комисијата за заразни болести, нема да има служење на храна и пијалаци, како и културно-забавна програма.
Со настанот „Поезија ̶ Залез“ заврши 32-то издание на Поетска ноќ во Велестово. Иако во услови на пандемија и со скромен буџет, на ова издание на Поетската ноќ во Велестово, се претставија десетина поети, уметници и музичари од Македонија.
Поради поставување на канализациона мрежа во село Чајле денеска од 9:00 часот, сообраќајот на регионалниот пат Гостивар-село Чегране ќе се пренасочува по алтернативни патишта.
Времето ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 34 степени. УВ=7
Во Дебар расте бројот на новозаразени со Ковид-19, каде со четирите случаи потврдени во последното деноноќие, вкупниот број на заразени се зголеми на 241 лице.
Според податоците од Министерството за здравство во изминатото деноночие се регистрирани три нови случаи со Ковид-19, со што вкупниот број на заразени достигна на 263 лица. Сто случаи се активни, 153 се излекувани и десет лица се починати.
На двете онлјан седници на Советот на Општина Штип беа верифицирани и мандадите на двајца нови советници, кои доаѓаат на местата на Сашко Николов од СДСМ и Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ, кои се избрани за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.