Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид утре повторно ќе биде отворен. За попладнето најавени се првите полетувања и слетувања за и од Цирих и Милано.
Нивото на реките Вардар кај Демир Капија и Бабуна кај Богомила е повисоко од јунскиот просек, покажуваат денешните хидролошки мерења
Отворено се повикуваат невработените лица на територијата на Општина Кичево евидентирани во Центарот за вработување – Кичево и работодавачите од микро и мали претпријатија кои сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис со отворање на нови работни места, да се пријават за учество во активните мерки за самовработување
Делчевската градинка ,,Весели Цветови” го укина материјалниот трошок за родителите, чии дечиња поради коронавирусот не посетуваа градинка во изминатите неколку месеци
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец ќе преовладува денеска во земјава
Во Штип и денеска се бележат нови случаи на заразени од коронавирусот
Наместо дислокација на објектите за игри на среќа сега Движењето Антикоцкање од Тетово бараат целосно нивно затворање. Иако најавија дека ќе блокираат сообраќај на автопат поради неисполнување на нивните барање во време на изборната кампања се откажаа од намерата поради опасностите од коронавирусот
Во две кичевски села вчера биле опожарени два хектари сено и еден трактор. На двата одвоени пожари интервенирала Територијалната противпожарна единица која ги локализирала и изгаснала
Четири возила и шест пожарникари го гаснеле пожарот што синоќа зафати штала на патот кон велешкото село Грнчиште
Во Штип денеска се одбележа 107 годишнината од Брегалничката битка, кај месност „Каленица“. На одбележувањето присуствуваа, амбасадорката на Република Србија во Република Македонија, Душанка Дивјак Томиќ и градоначалникот на Општина штип, Благој Бочварски