Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов изјави дека Ромската заедница не смее да биде дискриминирана бидејќи се дел од нашето општество.
Сопственикот на „Актива“ во Штип која е партнер со белгиската компанија „Ван Хол“ рече дека веќе две години се заговарало за постепено префрлање на целосното производството.
По повод меѓународниот ден на Ромите, 8 април, денеска градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, прими претставници на ромската етничка заедница, а на основци и средношколци за нивниот одличен успех и примерно поведение им врачи пофалници.
Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Штип го додели сертификатот на штипската компанија „Актива“, која ќе може да конкурира на тендери и ќе има пристап до НАТО пазарот. Таа истакна дека досега 44 компании во земјава добија пристап до НАТО пазарот.
Координаторот на Независен Медицински Синдикат за Тетово Ариф Ибраими во изјава за медиумите посочи дека во градот еден од најголемите проблеми е недостигот на кадар.
Современото живеење не може да се замисли без користење на мобилен телефон. Но, наспроти предностите и функционалноста, неговата употреба додека сте вклучени во сообраќајот на патиштата може да биде причина за несакани ситуации.
За време на превентивната активност имаа можност да поразговараат со граѓаните кои го користеа убавото време за релаксација во природа и укажаа на потребата од внимателно однесување додека патуваат со своите моторни возила или се движат во предели каде има шуми и сува трева
Општина Велес ја одбележа 80-годишнината од смртта на народниот херој Димче Мирчев од Велес, кој на 7 април 1944 година загинал во Тиквешијата.
Традиционален начин на одбележување на Благовештение (Благоец) денес имаше во шарпланинското село Јелошник. Празнувањето започнува со водосвет и прережување на славските лебови во црквата „Света Богородица“.
Според Кристијан Момироски, командир на прилепската противпожарна единица, главен предизвикувач е човекот, намерно или не, со палење стрништа, треви одредени површини. Таков пожар деновиве ќе ги пеплосаше манастирот „Св. Никола“ кај селото Прилепец и три околни села.