Од денеска повторно се отвораат добиточните пазари низ земјава кои беа затворени на 20 март годинава како дел од превентивните мерки на Владата против КОВИД-19
Рудникот за олово и цинк САСА ја објави намерата да донира до 126.000 евра во медицинска опрема, заштитни материјали, прехранбени и хигиенски производи и парични средства за справување со пандемијата на Ковид-19
Голем одзив на крводарителската акција што денеска се спроведе во просториите на прилепската локална самоуправа. Акцијата беше на иницијатива на градоачалникот Илија Јованоски, а во соработка со Институтот за трансфузиологија од Скопје
Денеска Градоначалникот Велимир Смилевски оддаде почит и положи свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во двор на истоименото училиште во с. Љубанци
Поради актуелната вонредна состојба со Ковид-19, а во согласност со препораките на здравствените власти, овогодинешната Струшка литија со чесните мошти на Светиот Великомаченик Георгиј и неговата чудотворна икона, ќе се одржи на 7-ми мај во Струга, но без присуство на народ, информираат од манастирот „Св. Георгиј Победоносец“ во Рајчица
Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, на денешната прес-конференција рече дека е добиена битката со Ковид-19, но не и војната, за што апелираше до граѓаните и понатаму да ги почитуваат мерките и препораките
Кумановската гимназија „Гоце Делчев” денеска одбележа 117 години од смртта на револуционерот. Повеќе делегации, меѓу нив училишната, градоначалникот, претставници од Советот на општината, граѓански здруженија и политички партии положија свежо цвеќе пред бистата на великанот во училишниот двор
Со полагање цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Струмица беше одбележана 117 годишнината од загинувањето на апостолот на македонското револуционерно движење
По повод 4 мај – Денот на општината, градоначалникот на Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, во видеообраќање на жителите им го честиташе денот со желби пандемијата да остане минато, а ние, како што рече, да се вратиме на секојдневневните обврски и живот во нормални услови
Времето од утре ќе биде стабилно, освен в среда, кога ќе има повремен дожд, а локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи