Кејот во Охрид и патеките долж крајбрежјето на Охридското Езеро денеска барем на неколку часа наликуваа како изминатите години, кога за првомајските празници градот беше полн со гости
Продолжува загадувањето на реката Брегалница во делчевско. Риболовци алармираат за големи купишта ѓубре кај месноста „Баткова чешма”, која е на само неколку метри од реката Брегалница
Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Охрид – 19 литри на метар квадратен. Синоптичарите и за денеска најавуваат слично време со повремени локални врнежи од дожд и засилен северен ветер, особено во источните делови
Времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен северен ветер, особено во источните делови
Во Прилеп денеска се регистрирани четири нови случаи на позитивни на коронавирусот. Од лицата инфицирани со овој вирус нема новооздравен, информира локалната самоуправа.
Ученикот Мал Хајрулаи (14) од Тетово за три минути ја реши рубиковата коцка, кое може да се погледне на видео снимката од неговиот брат осум-годишниот Кораб.
Дождот што вчера и денеска ги зафати Пијанечко – малешевските општини е добредојден за земјоделските култури
Центарот за јавно здравје во Велес информира дека изминативе 24 часа во Велес не се регистрирани нови случаи на Ковид-19
Инфективното одделение при штипската Клиничка болница ќе се реконструира во текот на летните месеци. За овој објект, кој е единствен на истокот, се обезбедени 200.000 евра, од кои 30.000 се од општината, а остнатите 170.000 евра се европски пари преку Програмата за меѓугранична соработка со Бугарија
Стручните лица од Центарот за јавно здравје во Тетово одржаа обука за тетовските пожарникарите со цел да им укажат како да бидат заштитени при работа со средства за дезинфекција при спречување на ширењето на коронавирусот