Од Националниот парк објаснуваат дека дел од шумите низ Шар Планина се во состојба во која им е потребна помош за нивна ревитализација и затоа има потреба од ваква соработка.
Публиката што ја исполни салата на Национална установа Центар за култура Крива Паланка синоќа уживаше и во еден глас пееше со популарната македонска музичка дива, Каролина Гочева, на концертот со кој и официјално беше отворена програмата на манифестацијата "Крива Паланка -Град на културата".
Како што наведуваат од синдикатот, постои основано сомнение дека пријавениот Н.Б во својство на службено лице – командир на ПС ОН Крушево, во времето на вршење на служба, пријавил кривично дело „Оддавање на службена тајна“, за кое воопшто немало ниту едно битие дека е сторено.
Веќе 80 отсто од јагнињата се откупени и се обработуваат за извоз за католички Велигден. Главно извозот е на италијанскиот пазар.
МИА на 22 март кога штипјани го празнуваат неколкувековниот обичај „Четрсе“ и доаѓањето на пролетта беше во обиколка на овој потег на реката во должина од неколку километри.
Голем дел до граѓаните кои го споделија видеото на социјалните мрежи напишаа дека кучето било фрлено од човек.
Вознемиручако видео од куче кое квичејќи паѓа од 7. кат од зграда во Тетово споделија од Анима Мунди, со обвинение дека кучето присилно било фрлено со стап од страна на инвеститорот и двајца пожарникари, откако залутало во станбен објект во изградба
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, и во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со ретки грмежи и силен ветер, над 70 km/h.
-На едната локација, кај галеријата „Безистен“ веќе се работи, а втората локација каде што деновиве ќе се продолжи е веднаш до стоковна куќа НАМА. Нешто повеќе од еден милион денари се предвидени за двете локации, рече Јорданов.
Во текстилната индустрија во Прилеп пристигнаа девет работници од Непал, а се очекуваат уште десетина. Увозот на работна сила е во почетна фаза, но го отвора прашањето за состојбите со домашната понуда на пазарот на трудот.