Претседателот на здружението, Сашко Тодоров појасни дека вкупниот број на станици ги вклучува и претходно поставените во градот и во селата Вешје и Војшанци. Ќе се постават уште четири, во наредниот период во Повардарието.
Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ изразува силно разочарување, незадоволство и загриженост поради непочитувањето на македонскиот јазик во јавни активности во Општина Пустец.
Пожар избувна во стовариште за градежни материјали во Кавадарци, информацијата за МИА ја потврдија од Територијалната противпожарна единица.
Последните високи вредности, како што информира Никола Кукунеш, асистент на проектот „Воздухот на граѓаните“ биле измерени синоќа.
Периодот на стабилно и суво време со пораст на температурите, продолжува во текот на викендот и наредната недела, соопшти УХМР.
Ренџерската служба на ЈУ Национален парк „Пелистер“ изврши прихрана на дивечот на три локалитети во истоимениот национален парк.
Стечајна постапка е отворена за ,,Еуроникел индустри" денеска во Основен суд Кавадарци. За стечаен управник е назначен Ацо Петров од Скопје. Со судското рочиште раководеше стечајниот судија Елизабета Петковска.
Повторно е регистриран пораст на заболени лица од грип во државата, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 9 степени.
Одобрени се финансиски средства за реконструкција на кумановскиот театар, соопштија денеска надлежните од НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово.