Во четврток и петок ќе има повремен локален дожд и ќе дува засилен јужен ветер што ќе придонесе температурите да бидат во значителен пораст, соопшти УХМР.
СДС и ДУИ М-НАВ го претворија во дувло за вработување со најсуров партиски бандитизам. Премногу случајности не се случајни, како што вели Димитар Ковачевски, туку тоа е партизација, непотизам, кронизам односно корупција со вработувања во М-НАВ!
Потсетува дека многупати досега се залагале за вистината, според која Македонците во областа Гора се неотуѓив и нераскинлив дел од македонскиот народ.
-Вложувањето во реконструкција и изградбата на нови спортски терени во градот и населените места во општината, е еден од приоритетите на локалната власт, потенцираат од Општина Велес.
Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов информира дека на три локации крстот ќе се фрли во водите во Општина Карбинци.
Струга се подготвува за големиот христијански празник Богојавление - Водици. Осветувањето на водите и спуштањето на светиот крст во водите на Црн Дрим, в петок, ќе почне во 11 часот на Чаршискиот мост.
Во прекрасен амбиент, во големата сала на Националната установа Центар за култура „Кочо Рацин“ во Кичево се одржа Божиќно-новогодишен концерт на традиционални празнични каланди.
Повеќе од 50 здруженија на граѓани, еколошки асоцијации и институции од земјава и од соседна Албанија покренуваат иницијатива за да се спречи одржувањето на настанот „F1H2O“, закажан за одржување во јуни годинава во делот на Охридското Езеро кај Поградец, во соседна Албанија.
- Направено е скенирање на целиот терен во охридско-струшкиот регион и ќе утврдиме што се дивоградби во Општина Струга што не, независно од тоа што Општина Струга изјавува, нагласи Костадиновска - Стојчевска по забелешките дека се копа струшкото крајбреже.
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска информираше дека во делот на семејното насилство, минатата година најмногу било застапено психолошкото насилство.